Ејупи на својот фејсбук профил го изрази незадоволство од тоа што беше изоставен од списокот за натпреварите против Израел и Албанија.
Македонскиот фудбалер игра во одлична голгетерска форма во дресот на Осјек кој со него бележи солидни резултати, настапува и во плејофот од Лига Европа. Но неговите игри не беа доволни за селекторот Ангеловски да го повика во репрезентацијата.
„Откако селекторот ја објави листата на играчи за претстојните мечеви на Македонија, јас Музафер Ејупи ја чувствувам одговорноста да ја информирам јавноста за мојата одлука во врска со мојата иднина во репрезентацијата. Ја почитував секоја одлука на селекторот Игор Ангеловски, ја земав предвид предноста што ја имаа сите тие кои играат надвор од Македонија и кои редовно даваат голови, кои играат важна улога во најсилните првенства. Бев молчелив кога редовно давав голови во Македонија, а потоа и во Тајланд, бидејќи сакав да го оправдам мојот критериум дека треба да играте во посилен шампионат за да бидете репрезентативец. Среќата ме однесе во Хрватска, каде што постојано давам голови, прво со Славен Белупо, сега со Осиек со кого играме во квалификациите за Лига Европа. Чекав со голема трпеливост дека ќе дојде мојот ред, дека тоа ќе се случи и всушност, селекторот Ангеловски повторно ме покани без да ми даде шанса да играм во Лихтенштајн, а добив 11 минути во пријателскиот меч со Белорусија. Бев шокиран тогаш, но сакав повторно да го импресионирам селекторот мислејќи дека ќе дојде и мојот ред. Сега на последната листа пак ме нема и навистина не можам да го разберам ова, кое ми се случува постојано и тоа во услови кога играм со успех во Хрватска, кога имаме успех со Осиек и постокано давам голови. Не се ценат повеќе тие што се во најдобра форма во моментов, туку тие кои преку репрезентацијата треба да се вратат во форма. Со ова не сакам да напаѓам ниту еден од играчите во националниот тим, но не можам да го прифатам игнорирањето кое се прави во континуитет. Затоа, внимателно анализирајќи ја ситуацијата што се повторува и по консултација со одредени лица решив да не играм за Македонија, дури и ако дополнително ме поканат, се додека селектор е Игор Ангеловски“, напиша Ејупи на својот Фејсбук.