181
Јувентус ја елиминира Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите без да прими гол. Ретко кој може да се пофали дека мрежата му останала мирна во два натпревари со каталонскиот гигант.
Во срцето на дефанзивата на Јувентус се Леонардо Бонучи и Џорџо Киелини, тандем кој се покажа непробоен за најдоброто напаѓачко трио, Меси, Суарез и Нејмар.
Па италијанскиот спортски новинар, Фабрицио Романо преку својот твитер профил му даде интересен предлог на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Еј Доналд Трамп, не гради ѕид, купи ги Бонучи и Киелини! Ќе ти биде полесно и поевтино“ – твитна Романо.
