Фудбалскиот клуб Шкендија се раздели со двајца искусни фудбалери. Од клубот заминаа Егзон Белица и Камер Ќака.
Егзон Белица и Шкендија спогодбено се разделија по само една полусезона. 35-годишникот го засили тимот од Тетово во летниот преоден рок доаѓајќи од Работнички. Сепак, Белица не се наметна и запиша само шест настапи за Шкендија во првата полусезона.
Од друга страна, Ќака ја имаше втората етапа во дресот на Шкендија. Првиот пат играше од јануари 2021 до јануари 2022 година. Потоа замина, а се врати една година подоцна. Од јануари 2023 година досега Камер Ќака беше еден од носителите на играта, но сега спогодбено ја раскинаа соработката.
Клубот сега ослободи дополнително место во дефанзивата и средниот ред, па се очекува да тргне по нови решение за ротацијата на таа позиција.