Егото негово беше поголемо од тимот, но соиграчите одлучи и Калиниќ да добие медал

by
1 минути читање
Уште по првиот меч Хрватска наместо со 23 играчи остана со 22 откако Далиќ одлучи да го избрка непримерниот Калиниќ кој своето его го стави над тимот.

 

Тоа се покажа како одличен потег, атмосферата во хрватската репрезентација беше одлична и момците направија неверојатен успех пласирајќи се во финалето.

 

Фудбалската федерација на Хрватска остави фудбалерите и сручниот штаб да одлучат дали ќе му биде доделен медалот на Калиниќ, а тие одговориле позитивно.

 

„Протеран е малку пресилен збор, тој е со одлука на селекторот оддалечен од составот и тоа на крај, очигледно, се покажа како добар потег. Што се однесува до медалот, она што јас го знам е дека Никола Калиниќ, со одлука на играчите и на стручниот штаб ќе го добие својот медал“, изјави Пачак, портпарол на Хрватската фудбалска федерација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани