Ефектот Мојс: Од враќањето на клупата на Евертон, ниту еден тим не освоил повеќе бодови во ПЛ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Дејвид Мојс се врати во Евертон за да го спаси тимот од „Гудисон Парк“, а засега успева во тоа.

Од доаѓањето на клупата по вторпат по пауза ос 12 години, Евертон освои 13 бода во шест натпревари. Таа бројка ја имаат достигнато Ливерпул и Арсенал во истиот период, па ниту еден друг клуб не освоил повеќе бодови.

Ги победуваа „карамелите“ Тотнем, Брајтон, Лестер, Кристал Палас, а освоен беше и бод во градското дерби со Ливерпул. „Раката“ на Мојс се гледа во настапите на тимот, откако претходно бележеше лоши резултати.

Во моментов Евертон се наоѓа на 14. место во Премиер лигата со 30 бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани