Ефектен гол на Хамза, Струга го декласира Башкими со шест гола! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Струга одиграа моќен натпревар и славеа со убедливи 6-0 против Башкими во натпреварот од 15. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Иако гостинот дојде со свои математики и оптимистично во Струга, претрпе висок пораз. Резултатот беше отворен преку Буњамин Шабани, откако Башкими парираше до 24. минута. Пред полувремето уште двапати се тресеше гостинската мрежа, а тогаш погодуваа Христијан Малески и Стефан Јевтовски за 3-0.

На стартот на вториот дел дојде до најубавиот момент на натпреварот, ефектниот гол на Меметриза Хамза. Младинскиот репрезентативец на Македонија стрела откосо од тешка позиција, директно од слободен удар за 4-0 во 53. минута.

До крајот на натпреварот вторпат стерла Малески за 5-0, додека конечниот резултат го постави Арби Воша во 89. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×