Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Џејмс Трафорд сака да го напушти Манчестер Сити по само неколку месеци, голманот не сака да биде резерва, особено во сезона пред Светско првенство.
„Граѓаните“ на крајот од јули месец платија околу 30 милиони евра за во своите редови да го вратат Џејмс Трафорд.
Но потоа во последните денови од преодниот рок го ангажираа Џиџо Донарума, кој застана помеѓу стативите откако Едерсон се пресели во Галатасарај.
Па на Џејмс Трафорд не му се допаѓа идејата да биде резерва, особено во сезона пред Светско првенство, и уште сега сака да го напушти „Етихад“.
Тој не е единствениот незадоволен во тимот на Пеп Гвардиола, Нејтан Аке и Рико Луис исто така сакаат да ја променат средината поради малата минутажа.