Една серија падна, друга продолжи: Астон Вила го совлада Нотингем и изедначи рекорд од 1990 (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Астон Вила се опорави од тешкиот пораз против Арсенал со победа од 3-1 над Нотингем Форест за 11-та победа во низа на домашен терен.

Победничката серија на Астон Вила заврши на крајот од минатата година со пораз од 4-1 на гостувањето кај Арсенал, но момците на Унаи Емери продолжија една друга низа, попладнево го совладаа Нотингем Форест за 11-та победа во низа на домашен терен, серија каква што последен пат е забележана во 1990 година.

Фо последните секунди од првиот дел, Воткинс биеше неодбранливо од далечина за 1-0, а Мекгин на стартот од вториот дел зголеми на 2-0.

Гибс-Вајт ги врати во игра „шумарите“ во 61. минута, но Мекгин се погрижи домаќините да стигнат до победа со својот втор гол во 73. минута.

Со овие три бода, Астон Вила ќе преноќи на втората позиција на табелата, со бод повеќе од Манчестер Сити, и три помалку од лидерот Арсенал, кој од 18:30 игра против Борнмут.

ФОТО: X/Aston Villa

Можно е и ова да ти се допаѓа

×