Една репрезентација седум години одбиваше да игра натпревари, иако имаше право од ФИФА

by Стефан
1 минути читање

По речиси седум години целосна изолација од меѓународната сцена, фудбалската репрезентација на Еритреја најави враќање во официјалните натпреварувања, иако во изминатиот период немаше одиграно ниту еден натпревар.

Оваа африканска држава беше единствената членка на ФИФА без ранкинг, бидејќи со години свесно се откажуваше од настапи, и покрај тоа што имаше право да учествува во меѓународни натпреварувања. Еритреја речиси седум години не се појави на ниту едно официјално натпреварување, што на крајот резултираше со губење на статусот на рангирана селекција.

Причината за ваквата одлука е крајно необична, фудбалската федерација на Еритреја намерно ги избегнувала гостувањата во странство, стравувајќи дека репрезентативците би можеле да ги искористат тие патувања за да ја напуштат земјата и да побараат политички азил.

Според правилата на ФИФА, секоја репрезентација која 48 месеци нема одиграно официјален натпревар автоматски се брише од светската ранг-листа, а токму тоа ѝ се случи и на Еритреја. Последниот настап го имаше во 2019 година, кога на гостински терен беше поразена од Уганда со 3-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×