Една од низата катастрофални зделки на Манчестер јунајтед, „ѓаволите“ во минус од 70 милиони со Антони

by bojan
1 минути читање

Манчестер јунајтед и Бетис си подадоа рака за трансфер на Антони, Бразилецот се враќа во Шпанија во зделка вредна околу 25 милиони евра, односно 70 милиони евра помалку од тоа што „ѓаволите“ платија за него пред три години.

Една анализа на Скај Спортс покажа дека Манчестер јунајтед е во црвено од преку 300 милиони доколку се пресметка колку пари се потрошени за креирање на тимот, и колку пари всушност тој тим вреди сега.

Едно од големите трансфер промашување е Антони, кој сега е пред трансфер во Бетис.

„Зелено-белите“ за неговите услуги ќе платат 25 милиони евра, односно 70 милиони евра помалку од тоа што „ѓаволите“ го платија за него пред три години.

Мала утеха за Манчестер јунајтед е тоа што имаат клаузула која им носи 50% од профитот од следниот трансфер, како и тоа што минусот во сметководствените книги нема да биде толку голем, со оглед на тоа дека вредноста на Бразилецот во билансите е нешто под 40 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×