Репрезентативката на Макеонија и една од нашите најдобри фудбалрки, Улза Максти се врати во редовите на Љуботен.
Максути во македонскиот фудбал се враќа по кратката епизода во албанскиот Грамаши, а неколку години наназад е најдобар стрелец во женското првенство.
Покрај Љуботен низ кариерата беше дел уште од Унје Кадин од Турција и струшкиот АС Јунајтед.
„Улза се врати да го довршиме тоа што заедно го почнавме во август! Победите во лигата на шампионите во август ќе ги зачиниме со победи до нова титула. За Улза не треба многу зборови, најдобар стрелец во македонското првенство неколку години наназад, вистинско засилување во нападот со кое се надеваме на многу погодоци!“, порачаа меѓудругото од Љуботен.