Една од главните ѕвезди на Челси си оди од клубот!?

by riste
1 минути читање

Челси доживеа дебакл против ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), со 2-8 беше елиминиран од натпреварувањето, а по мечот една од ѕвездите најави дека е можно да си замине од Лондон.

Енцо Фернандез не е задоволен во Челси, посебно по лошите резултати на гигантот во изминатиот период, па ја остави отворена вратата за напуштање на „Стемфорд бриџ“.

„Не знам. Имаме уште осум натпревари во лигата и ФА-купот. Потоа следи Мундијалот, а потоа ќе видиме дали ќе останам“, кажа Фернандез.

Аргентинецот има договор со „сините“ до 2032 година, а пристигна во Лондон во 2023 година за над 100 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×