Незадоволството во редовите на Челси расте по одлуката на раководството за нов тренер да го назначи Лиам Росениор, откако клубот му врачи отказ на Енцо Мареска. Англиските медиуми пишуваат дека ваквиот потег не наишол на одобрување кај дел од фудбалерите, кои сметаат дека Италијанецот бил неправедно тргнат од клупата.
Во соблекувалната се уште е свеж впечатокот од работата на Мареска, кој за кратко време успеа да внесе стабилност и резултатски напредок на „Стемфорд Бриџ“, крунисан со освојување на Конференциската лига и Светското клупско првенство.
Неколку играчи јавно ја истакнале неговата улога во подигнувањето на тимот, а најголемо разочарување наводно владее кај Енцо Фернандез.
Аргентинскиот репрезентативец под водство на Мареска имаше клучна улога во играта и голема слобода на теренот, но по промената на тренерот веќе испратил јасна порака до челниците дека размислува за заминување. Според истите извори, Фернандез сака нов предизвик и промена на средината. Играчот од средниот ред пристигна во Челси во јануари 2023 година за сума од 121 милиони евра, а како најсериозна опција за продолжување на кариерата се споменува ПСЖ, кој внимателно ја следи ситуацијата во Лондон.