Една минута му прави проблем на Елиот да направи нормален трансфер!

by riste
1 минути читање

Фудбалерот на Ливерпул кој настапува на позајмица во Астон Вила, Харви Елиот веројатно ќе оди во МЛС бидејќи правилата не му даваат можност за трансфер во Европа.

Американскиот прволигаш Шарлот внимателно ја следи ситуацијата со Харви Елиот во Астон вила, но евентуалните преговори за трансфер ќе зависат од одлуките што ќе ги донесат Вила и Ливерпул.

Англискиот репрезентативец не добива шанса во Вила, а Шарлот е еден од ретките клубови во светот што би можеле да му понудат излезна опција уште во јануари.

Елиот пристигна во Вила последниот ден од преодниот рок, на позајмица со обврска за откуп доколку одигра 10 натпревари. Сепак, досега има само пет настапи и не играл од септември, што покажува дека Вила нема намера да ја активира откупната клаузула.

Според правилата на ФИФА, фудбалер не смее да настапува за три клуба кои се натпреваруваат во календар лето–пролет.

Пред да се пресели во Астон Вила, Елиот одигра само една минута за Ливерпул, што значи дека тој веќе има настапено за два клуба, па за него сите европски лиги се затворени до крајот на сезоната.

Само, таа една минута која ја одигра во второто коло против Њукасл му прави проблем за нормален трансфер, па ако сака да игра во вториот дел од сезоната ќе мора да замине во МЛС каде што треба да почне нова сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×