146
Брајтон во
минатото коло приреди големо изненадување и го совлада Манчестер јунајтед, а
избраниците на Хатон и вечерва скапо ја продадоа кожата на гостувањето кај
Ливерпул.
„Црвените“
стигнаа до триумф од 1-0 благодајреќи на една грешка на гостите кои загубија
топка на својата половина, а Мохамед Салах од работ на шеснаесетникот
милиметарски прецизно биеше по земја за водство.
Гостите во
продолжението од мечот имаа две големи шанси, Нокарт од 11 метри можеше да бие
кај сака, но тоа го стори многу лошо и неговиот обид заврши крај голот а во 89.
минута Грос можеше да го замолкне Енфилд но Алисон беше на висината на задачата
и ја сочува сопствената мрежа.