Дури 18 норвешки клубови од првите два ранга во оваа скандинавска земја гласале за укинување на ВАР технологијата на вонредниот состанок на прволигашите и второлигашите.
На гласањето против укинување на ВАР биле двојно помалку клубови, а пет останале воздржани:
Клубовите кои гласале за укинување на ВАР се: Бодо/Глимт, Бран, ХамКам, Хаугсунд, Лилстром, Молде, Од, Розенборг, Сандфјорд, Годсет, Тромсо, Викинг, Брујн, Конгсвигер, Лај Фудбал, Стабек, ИК Старт и Валеренга.
Против укинување на ВАР технологијата биле: Фредерикстад, Кристиансуд, Сарпсборг 08, Алесунд, Егерсун, Мос, Ранхајм, Сугдал и Асан.
Воздржани останале: КФУМ, Ход, Мјондален, Рауфос и Скид.
Медиумите во Норвешка најавуваат дека ако бројот на гласови остане ист и на следниот состанок и во март 2025 ќе биде предложено ВАР да се отстрани од норвешкиот фудбал.