Кристијан Пулишиќ не тренираше со Милан на вчерашната сесија иако дополнителните медицински тестови покажале дека нема повреда.
Американецот е разочаран бидејќи не сакал да прави пауза, но Масимилијано Алегри и стручниот штаб проценија дека е најдобро да не се ризикува во овој период. Поради тоа, Пулишиќ најверојатно ќе биде на трибините за дуелот со Лацио.
Пулишиќ е најдобар стрелец на „росонерите“ во оваа сезона и постигна пет гола, со што се наоѓа на делба на првата позиција и во Серија А со Нико Паз, а постигна и два во Копа Италија.
Позитивна вест за Милан е враќањето на Алексис Салемакерс на тренинзите. Болката во грбот целосно му поминала и тој вчера тренираше со остатокот од тимот. Белгиецот е целосно подготвен и ќе конкурира за настап на претстојниот натпревар против Лацио.