Манчестер Сити загуби од Тотнем со 2-1 и беше елиминиран во Лига купот, но „ѓаволите“ и останаа без летното засилување Савињо, кој заработи сериозна повреда и во солзи на носилки го напушти теренот.
„Граѓаните“ не беа премногу активни на трансфер пазарот изминатово лето, главно засилување им беше Савињо за кого платија 30 милиони евра, а во финишот од преодниот рок се врати и Илкај Гундоган.
Бразилецот полека се наметна кај Пеп Гвардиола, и кога влезе во серија на добри натпревари, вечерва доживеа пех.
Во поразот од Тотнем од 2-1 во Лига купот, Савињо заработи сериозна повреда на скочниот зглоб на десната нога.
Тој го напушти теренот во солзи и на носилки, и се стравува дека ќе паузира со месеци.
Savinho was in tears as he was stretchered off for Man City vs. Tottenham with an injury. pic.twitter.com/36r0Z4OK0a
— ESPN FC (@ESPNFC) October 30, 2024
Savinho was in tears after being stretchered off vs Spurs 🤕😢 pic.twitter.com/ERczgaUFu1
— LiveScore (@livescore) October 30, 2024