208
Навивачите на Реал Мадрид може да здивнат бидејќи Тибо Куртоа ќе стави потпис на нов договор и ќе го чува голот на „кралскиот клуб“ барем уште две сезони.
Искусниот голман пристигна во Мадрид во 2018 година и одигра клучна улога во најголемите успеси на тимот во изминативе години. Со Реал има две титули од Лигата на шампионите, три шампионски трофеи во Ла Лига и еден во Купот на кралот.
Куртоа и натаму важи за еден од најдобрите на својата позиција, а неговото присуство е голем плус за новиот тренер Чаби Алонсо кој, според најавите, ќе го задржи и Андреј Луњин во ростерот.
Тоа значи дека Реал Мадрид ќе има ист тандем меѓу стативите како и во времето на Карло Анчелоти.