Един Џеко би можел да направи изненадувачки трансфер

by Стефан
1 минути читање

Иако има 38 години, Един Џеко и понатаму игра одлично и пркоси на годините во дресот на Фенербахче каде што покажува дека може да биде проблем за противничките голмани.

Според последните информации на турски „Фанатик“, Џеко добил понуда од сплитски Хајдук, но понудата била да се приклучи во овој тим на лето.

Во актуелната сезона Џеко постигна 14 голови, додаде и три асистенции и практично на секои 116 минути постигнува гол што е солиден просек за некој со негови години.

Хајдук успеа да го врати Иван Ракитиќ и за нив би било одлично да го имаат и Џеко. Со оглед на тоа што договорот на Џеко истекува на крајот од сезоната, Хајдук веќе и ги започнал преговорите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани