111
Едерсон пред време го заврши дербито против Ливерпул откако Мане стартуваше опасно со копачка во неговото лице.
Голманот беше префрлен во болница, а фудбалерот на Ливерпул доби црвен картон.
Неколку дена по настанот, Едерсон го покажа лицето кое му го „нашминка“ Мане. Голманот е шиен на неколку места, а може да му остане и некоја лузна.