Еден од најпознатите американски голмани доживеа страшна повреда – доби силен удар во глава! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Инцидент го одбележа синоќешниот натпревар од МЛС лигата меѓу Сиетл Саундерс и Колумбус Кру (1-1), кога голманот на домаќините, Стефан Фреј, доби тежок удар во глава во завршницата на мечот.

Се играше судиското продолжение кога Фреј беше незгодно погоден со колено од противнички играч при обид да интервенира. Веднаш реагираше медицинскиот тим, а 39-годишниот американски чувар на мрежата со носилки беше изнесен од теренот и итно префрлен во болница. Средбата беше прекината на неколку минути, додека траеше укажувањето на помош.

Стефан Фреј е вистинска легенда во американскиот фудбал, кариерата ја започна во Торонто, а најголемите успеси ги доживеа со Сиетл Саундерс, каде е еден од најценетите играчи и лидер на тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×