Еден од најконтроверзните моменти во ЛШ: Марсеј бараше пенал, Аталанта на контра даде спектакуларен гол (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Натпреварот помеѓу Марсеј и Аталанта го донесе еден од најконтроверзните моменти во Лигата на шампиони, додека домашните играчи бараа пенал за играње со рака на Едерсон, гостите направија контра и погодија преку Самарџиќ.

Аталанта синоќа си замина со цел плен од „Велодром“, гостите стигнаа до победа од 0-1 со голот на Лазар Самарџиќ во 90. минута.

Србинот прекрасно погоди од далечина, но целата ситуација е многу спорна и можеби еден од најконтроверзните моменти во Лигата на шампиони оваа сезона.

Имено, при еден обид да расчисти топка во својот шеснаесетник, Едерсон играше со рака и фудбалерите на Марсеј веднаш се свртеа кон судијата и бараа пенал.

И додека тој им објаснуваше дека нема да свирне ништо, Лазар Самарџиќ ја зеде топката, тргна во контра и маестрално погоди во аголот од 25 метри за 0-1.

ВАР не го коригираше судијата Хозе Мариа Санчез Мартинез, па погодокот остана да важи и „црно-сините“ од Бергамо стигнаа до победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×