Деле Али размислува за крај на кариерата откако отпадна од плановите на Комо за новата сезона, фудбалерот, кој важеше за еден од најголемите англиски таленти може да замине во пензија со само 29 години.
Деле Али блесна на фудбалската сцена кога во 2015 година направи трансфер од МК Донс во Тотнем вреден околу 5 милиони фунти.
Особено на високо ниво ја одигра сезоната 2016/17 кога постигна дури 18 погодоци во Премиерлигата.
Но неговата кариера почна да оди во надолна линија во следниот период, Деле Али се мачеше со повреди и депресија.
Евертон се обиде да му ја оживее кариерата, но Англичанецот не се снајде ниту на „Гудисон Парк“.
Во јануари се пресели во Комо, Сеск Фабрегас му даде нова шанса, но Деле Али не се наметна ниту на северот во Италија, одигра едвај десетина минути во Серија А.
Последните информации велат дека тој отпаднал од плановите на Комо за новата сезона, добил инструкции да тренира сам, па полека размислува за крај на кариерата и пензија со само 29 години.
ФОТО: X/@Como_1907