Еден од најдобрите во историјата на БиХ замина во фудбалска пензија

by 24 фудбал
1 минути читање

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ, официјално ја заврши својата играчка кариера, потврдувајќи дека повеќе нема да се враќа на професионалниот фудбал.

Во изјава за „Тутоспорт“, Пјаниќ јасно стави до знаење дека одлуката е конечна и дека фокусот во неговиот живот сега е на семејството.

Повеќе нема да играм фудбал, ја завршив кариерата. Живеам во Дубаи, повеќе не сум активен играч и мојот главен приоритет сега е мојот син“, изјави Пјаниќ.

Последен ангажман имаше во ЦСКА Москва, период кој не помина според очекувањата, за разлика од богатата и успешна кариера што ја изгради претходно. Во текот на својата кариера настапуваше за Мец, Олимпик Лион, Рома и Јувентус со кој освои 4 титули во Серија А, а беше дел и од Барселона, Бешикташ и Шарџа.

За репрезентацијата на Босна и Херцеговина одигра 115 натпревари и постигна 17 голови, оставајќи длабока трага во националниот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×