Еден од најдобрите судии во Европа ќе дели правда во натпреварот на Македонија со Велс

by Стефан
1 минути читање

Македонија во вторник ќе го одигра клучниот дуел против Велс во последното коло од квалификациите за Светското првенство, а УЕФА веќе одреди кој ќе ја дели правдата на овој исклучително важен натпревар.

Станува збор за директен пресметка која решава кој од двата тима ќе го заземе второто место и така ќе дојде до подобра позиција во мундијалскиот бараж. Главен судија ќе биде искусниот Дани Макеле, а асистенти ќе му бидат Хесел Стегстра и Јан де Фри. Четврти судија е назначен Марк Нагтегал.

Макеле е носител на ФИФА-бейџ од 2011 година и зад себе има богата меѓународна кариера, судеше финале во Лигата на шампионите, финале во Лига Европа, како и натпревари на Мундијалот во Катар и на последните две Европски првенства.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×