Најдобриот фудбалер на Баер Леверкузен, Флореијан Вирц ќе биде еден од предводниците на Германија, а според најавите во првата половина од април ќе донесе одлука за својата иднина, тврди „Билд“.
Овој германски медиуми пишува дека постои реална можност тој да остане уште една сезона во редовите на актуелниот шампион на Германија.
Одличниот офанзивец би требало да потпише нов договор со поголема плата, а потоа клубот нема да му прави проблем на летото 2026 година да замине за адекватна оштета.
Вирц има 21 година и досега во дресот на Леверкузен постигна повеќе од 50 голови.
Подолг период за неговите услуги интерес покажуваат Баер, Реал Мадрид и Манчестер сити, па изгледаше речиси сигурно дека ова лето ќе премине во некој европски гигант, сепак ќе треба да се почека неговата одлука.
Во Баер веруваат и дека ако најдобриот фудбалер остане, тогаш тоа би било причина и Чаби Алонсо да го одработи својот договор до крај. Шпанецот подолго време се најавува како главен фаворит да го наследи Карло Анчелоти во Реал Мадрид.