Еден нов Реал, 77% посед на топка, расположен Бензема и победа од 4-1 (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ново сигурно издание на Реал Мадрид под водство на Хулен Лопетеги. „Кралевите“ имаа 77% посед на топка, победија со 4-1 а Карим Бензема беше расположен и постигна два погодока.

Резултатот го отвори Герет Бејл во 17. минута, Велшанецот закачи полу-волеј и ја затресе мрежата на гостите за 1-0. Но само седум минути подоцна Леганес стигна до изедначување. Касемиро направи пенал а Кариљо прецизно биеше од белата точка за 1-1.

Реал се врати во предност веќе на стартот од вториот дел и тоа со помош на ВАР. Бензема погоди, судијата го поништи голот, но откако ги прегледа повторените снимки покажа кон центарот.

Французинот по еден час игра повторно се запиша во листата на стрелци, од врвот на шеснаесетникот биеше милиметарски прецизно покрај стативата за 3-1. Точка на натпреварот стави Рамос од пенал во 68. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×