Еден куп пресврти во Лига Европа, најлудиот го имаше Спортинг (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Спортинг и Стефан
Ристовски вечерва беа на прагот на пораз но чудесно се извлекоа и од Украина се
враќаат со цел плен.

Ворскла поведе во
10. минута со голот на Кулач и овој резултат стоеше на семафорот се до истекот
на регуларните 90 минути. Но потоа во првата минута од надополнувањето Монтеро
изедначи на 1-1 за во 93. минута Кабрал да донесе победа.

Пресврт имаше и
на Сан Сиро, Олимпијакос имаше водство до 70. минута, кога на сцена стапи
нововлезениот Кутроне кој донесе 1-1 за Милан. Потоа Игуаин погоди за 2-1 а
Кутроне во 79. минута со својот втор гол ги реши дилемите околу победникот.

Слично беше и на
дуелот помеѓу Баер Леверкузен и АЕК Ларнака. Нашиот Тричковски донесе
изненадувачко водство за гостите, но домаќините на крајот триумфираа со 4-2.

Од негатива се
враќаше и Салцбург, Селтик прв поведе во Австрија, но домаќинот ги освои трите
бода.

Фенербахче и Елмас по подолго време се радуваат на победа, на домашен терен ја совладаа трнава со 2-0. Со истиот резултат триумфираа и Адеми и Динамо Загреб на гостувањето кај Андерлехт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×