Со денешните две
средби, помеѓу Уругвај и Франција, односно Бразил и Белгија стартува
четвртфиналната рунда натпревари на Светското првенство во Русија, која утре со
натпреварите помеѓу Шведска и Англија, односно Русија и Хрватска таа фаза се
завршува.
Видовме интересни
детали како статистика од досегашните одиграни натпревари, а интересна е воедно
и онаа која излезе, а се однесува на листата на 20 најбрзи фудбалери од
Мундијалот.
Интересно, Анте
Ребиќ кој игра во фантастична форма и на одличен начин ја оправда довербата на
селекторот Златко Далиќ е рамо до рамо со првата ѕвезда на Португалија,
Кристиано Роналдо на првото место, тие обајцата достигнаа брзина од по 34 километри на час.
Роналдо веќе е
елиминиран од Мундијалот, па останува отворено прашањето дали фудбалерот на
Ајнтрахт Франкфурт може и да го надмине тоа, водечката тројка ја комплетираат
Луис Адвинкула од Перу со 33.8 километри на час, односно Сантијаго Ариас од
Колумбија со 33.6 километри на час.