Еден фудбалер на Реал Мадрид загрижен по трансферот на Мбапе

by bojan
2 минути читање
Мбапе

Напаѓачот на „кралевите“, Хоселу признава дека не знае дали ќе остане на „Бернабеу“, вели дека пристигнувањето на Килијан Мбапе и Ендрик му ја компликуваат ситуацијата.

Хоселу пристигна во Реал Мадрид на позајмица од Еспањол за скроми 500.000 евра, но се промовира во еден од хероите откако постигна два гола против Баерн Минхен и се погрижи за чудесниот пресрет и пласман во финалето во Лигата на шампиони.

„Кралевите“ имаат опција да го задржат, но во моментов нема никаков абер.

„Не зависи само од мене, зависи од многу луѓе. Реал Мадрид ангажираше двајца напаѓачи (Мбапе и Ендрик) и очиглендо има одредени планови за новата сезона“ – вели Хоселу.

„Се наоѓаме во комплициран период… Реал Мадрид има опција до 30. јуни да ја активира клаузулата па ќе виидме што ќе се случи“.

„Фокусот во моментов ми е на Шпанија и Европското првенство, но не можеме целосно да се исклучиме. Сепак, во моментов не можам да кажам ништо, бидејќи не знам ништо“.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани