Еден фудбалер на Реал Мадрид повеќе нема да заигра додека Анчелоти е на клупата

by Стефан
1 минути читање

Шпанскиот фудбалер Хесус Ваљехо повеќе нема да добие ниту минута од Карло Анчелоти во Реал Мадрид, тврдат медиумите во Шпанија.

Информациите од Шпанија се дека Анчелоти целосно го отпишал 28-годишниот дефанзивец кој и досега ретко добиваше шанса.

Последен пат на теренот Ваљехо влезе во последните десетина минути против Алавес и со него на теренот, Реал Мадрид прими два гола, но сепак успеа да славеа победа од 3:2. Тие десет минтуи се и неговите единствени сезонава.

Наводно, требало да настапи во натпреварот против нисколигашот Депортиво Минера во Купот на Шпанија, но тогаш се пожалил кај Анчелоти дека има физички проблеми. Клупските доктори не успеале да го лоцираат проблем бидејќи сите тестови биле во ред и тоа го налутило италијанскиот стратег.

Колку Анчелоти не смета на Ваљехо покажува и тоа што пред него по повредите на Алаба, Милитао и Рудигер во одбраната играше Чуамени кој по природа е играч за врска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани