Медиумите од Италија пренесуваат дека Рандал Коло Муани најверојатно нема да остане во Јувентус по отказот на Тијаго Мота.
Рандал Коло Муани пристигна во Јувентус во јануари на позајмица до крајот на сезоната и брзо се наметна во стартниот состав со добри партии и голови.
Па многу рано почна да се пишува дека „старата дама“ сака да го задржи напаѓачот и ќе бара формула со која Рандал Коло Муани и во иднина ќе го носи „бело-црниот“ дрес.
Сепак, последните информации велат дека со отказот на Тијаго Мота се менуваа целата ситуација и Јувентус сега размислува дали вреди да платат околу 60 милиони евра за ангажман на напаѓачот.
Со Игор Тудор на кормилото, Коло Муани веднаш падна во втор план и Душан Влаховиќ доби шанса да го предводи нападот, и се очекува дека Србинот ќе биде прв избор за форот до крајот на сезоната.