516
Томас Милер по цели 25 години минати во клубот го напушта Баерн Минхен на лето и за првпат ќе заигра за друг клуб.
Неговиот последен настап за Баерн ќе биде на Светското клупско првенство. Во меѓувреме се шпекулира дека негова следна дестинација може да биде МЛС.
Директорот на Баерн Минхен, Макс Еберл ја објаснува одлуката на клубот да се раздели со Милер.
„Разбирливо е дека одлуката беше тешка за нас. На крајот клучниот фактор беше едноставно планирањето на тимот каде што фокусот го ставивме на иднината“, објаснува Еберл.