„Еден ден си Бог потоа имаш пет грешни додавања и те бркаат од Мадрид“ – Иско објасни како е да се игра за Реал

by
2 минути читање

Публиката на
Бернабеу има високи стандарди па често можат да се слушнат свирежи, а на тоа
имуни не останале ниту најголемите ѕвезди, како Зинедин Зидан, Кристијано
Роналдо, Герет Бејл и Карим Бензема.

„Еден ден си Бог
а потоа имаш пет грешни додавања и те бркаат од Мадрид
– објасни убаво на денешната прес
конференција Иско.

„Еден ден сте
најдобар, а потоа следниот сте најлош. Јас се обидувам да најдам баланс, ниту премногу
да ме критикуваат, ниту пак премногу да ме фалат
.

„Колку помалку ме
споменуваат, толку подобро. Сакам што помалку да гледам вести и да читам
весници
.

За Иско ова е
петта година во Мадрид, тој долго време се мачеше да се избори за место во
првиот тим, а минатата сезона често се говореше и за негово заминвуање.

„Не е лесно да се
игра за Реал, постојано треба да се победува и конкуренцијата е огромна. Тука се
најдобрите играчи во светот. Без напорна работа немаше да стигнам до ова ниво. Сега
играм на мојата омилена позиција, поблиску до голот, а имам и континуитет. Тоа
е важно за секој фудбалер со цел да има самодоверба
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани