69
Медиумите од
„Островото“ често пишуваат дека Антонио Конте летоска ќе донесе нов голгетер.
Ромелу Лукаку од
Евертон се посочува како прва трансфер цел, пред Алваро Мората од Реал Мадрид.
Ваквите гласини
сега ги прокоментира Еден Азар, кој на шега вели дека поради неговиот нов богат
договор нема да има пари за ангажман на Ромелу Лукаку.
„Доколку ставам
потпис на нов договор, веројатно ќе нема доволно пари за да го купиме Лукаку!” – вели Азар во разговор со
медиумите од Белгија.
„Се шегувам, без
разлика кој ќе дојде, ќе бидеме подготвени следната сезона“.
Еден Азар е
обврзан кон Челси до 2020, но поради интересот на Реал Мадрид, новиот шампион на Англија сака да ја
продолжи соработката со Белгијанецот.