Еден Азар беше едно од звучните имиња во ложата на „Бернабеу“ на синоќешниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен во Лигата на шампионите, фудбалерот од Белгија дури се симнал и на теренот да им честита на „кралевите“ за големиот успех.
Реваншот помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен привлече огромно внимание, имаше многу звучни имиња во ложата на „Бернабеу“, а таму беше и Еден Азар.
Фудбалерот од Белгија минатото лето ја прекина соработката со „кралевите“ и реши да оди во пензија на 32 години.
Еден Азар во неколку интервјуа потоа објасни дека е човек кој сака да ужива во животот, односно да јаде и пие со другарите.
Па така беше и синоќа, Еден Азар со чаша пиво во рака го бодреше Реал Мадрид. По крајот на натпреварот, тој се симнал на теренот за да се поздрави со поранешните соиграчи и да им честите за пласманот во финале.
‼️ Hazard était présent hier au Santiago Bernabeu pour soutenir le Real Madrid.
▫️Après la fin du match, le Belge est descendu retrouver ses anciens coéquipiers pour les saluer et les féliciter pour le match.@diarioas pic.twitter.com/H38iNsIi5Y
— Madridistas Del Mundo (@MadridistasDM) May 9, 2024