Еден Азар, Демба Ба и уште неколку фудбалери инвестираат во клуб од Сан Диего

by
1 минути читање

Сан Диего од следната сезона ќе се натпреварува во НАСЛ, тоа е втора фудбалска лига по ранг во САД.

Азар, Ба, Кабај и Со со свои средства влегуваат во овој проект, клуб кој има амбиција да стане дел од МЛС.

„Не можеме да дочекаме да почне сезоната и да победуваме на некои натпревари“ – вели Еден Азар.

„Сан Диего е прекрасно место и љубовта и пасијата на луѓето која ја имаат за фудбалот го направи нашиот избор лесен. Моите пријатели и јас сме почестени да го направиме сонот на луѓето во реалност“.

Ова ќе биде и дебитантска фудбалска сезона за Сан Диего, тие најпрво ќе играат на универзитетскиот стадион додека не се изгради нивниот сопствен дом.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани