„Црвените Ѓаволи“
вчера триумфираа во Лига Европа, па иако завршија како шести во Премиерлигата,
следната сезона ќе настапуваат во Лигата на шампионите.
Настапот во
најелитното европско натпреварување е клучен за привлекување на играчи од
светска класа, и се верува дека токму тоа е еден од условите на Антоан Гризман
за да се пресели на Олд Трафорд.
Манчестер
јунајтед ја исполни оваа цел, па Жозе Мурињо беше запрашан дали сега очекува цело
лето да му се јавуваат агенти и да му нудат играчи.
„Агентите го
немаат мојот број” –
вели „Специјалниот“.
„Ед Вудворд ја
има мојата листа со желби, знае што сакам, знае кои играчи би сакал да ги
добијам, и го знае тоа веќе два месеци”.
„Сега на потег се
тој и сопствениците”.
Жозе Мурињо
минатото лето потроши над 150 милиони фунти за ангажман на Ерик Баји, Златан
Ибрахимовиќ, Хенрих Мхитарјан и Пол Погба.
Се очекува ова
лето Португалецот да потроши повеќе, само евентуалниот трансфер на Антоан
Гризман ќе чини 100 милиони евра.
Се верува дека на
листата со желби на Жозе Мурињо има уше еден напаѓач, фудбалер од средниот ред
и дефанзивец.