„Ѓаволите“ можат да се најдат во сериозни проблеми доколку не обезбедат настап во Лигата на шампионите. Според новинарот Данкан Каслс од Тајмс, дури седум играчи се примамени за промена на средината и би можеле да го напуштат Олд Трафорд летоска.
Листата ја предводат ѕвездите како Пол Погба и Давид де Хеа. Французинот е една од желбите на Зинедин Зидан и Флорентино Перез за нов „галактико“ тим на Реал. Давид Де Хеа, кој во минатото често се поврзуваше со Реал, пак е желба на ПСЖ и Јувентус.
Ромелу Лукаку и незадоволен од малата минутажа, исто како и најскапото дефанзивно засилувње на Манчестер јунајтед, Ерик Баји. Па и тие размислуваат за нова авантура.
Андер Ерера на маса има богата понуда од ПСЖ, а и Мата е на излезна врата бидејќи клубот не му излегува во пресрет на барањата за нов договор.
Последен на списокот е Алексис Санчез. Тајмс вели дека Чилеанецот жали што одбрал да се пресели на Олд Трафорд.
Во меѓувреме, Мирор пренесе дека Оле Гунар Солскјер разговарал со Пол Погба и Давид де Хеа и им пренел дека нема да им биде дозволен трансфер и ќе го носат дресот на Манчестер јунајтед и во следната сезона.