Ѕвездите на Тотнем стравуваат дека Покетино посакува отказ, но нема да добие клоца, во прашање се 32 милиони

by
1 минути читање

„Спарси“ се во
фокусот на медиумите откако во вторникот беа понижени и загубија од Баерн
Минхен со 7-2. Тотнем за прв пат во својата историја на домашен терен прими
седум гола, па медиумите почнаа полека да пишуваат што го чека клубот од
Северен Лондон, кој минатата сезона стигна до финалето од Лигата на шампионите.

Mаурисио Покетино
повика сите да останат обединети, но Дејли Мејл вели дека ѕвездите на Тотнем чувствуваат
дека Аргентинецот има многу прашалници за сопствената иднина.

Весникот пишува
дека фудбалерите приметиле голема промена во однесувањето на тренерот, тој
полека почнал да се оддалечува од составот. Маурисио Покетино има добар однос
со најголемиот дел од играчите, но во последно време тој се помалку бил забележлив
на тренинзите, и дури некои сесии ги гледал од внатре.

Па се стравува
дека тој посакува отказ и бара начин да си оди, но во моментов нема опасност
Маурисио Покетино да ја загуби работата. Дејли Мејл објаснува дека Тотнем
сигурно нема да му удри клоца поради тоа што ќе треба да му плати 32 милиони
фунти за предвремен раскин на договорот.

„Спарси“ сепак би
можеле да се разделат со стратегот доколку некој клуб изрази желба 
да го ангажира Маурисио Покетино, и да им
плати приближна сума како обесштетување.

Аргентинецот не е
единствениот кој има сомнежи, се стравува и за иднината на капитенот Хари Кејн, кој би можел
да го напушти клубот во потрага на трофеи. Ситуацијата дополнително ја
компликува и фактот дека тројца староседелци ја одработуваат последната година
од договорот и по крајот на сезоната ќе можат да замиант без оштета. Се работи
за Ериксен, Алдервирелд и Вертонген, играчи кои беа клучни за добрите резултати
изминативе години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×