Ѕвездата на Лајпциг блескаше против Италија, Мурињо „скенираше“ од трибините (ФОТО)

by
1 минути читање

Шведска ја доби првата
битка со Италија во баражот за СП Русија 2018, пред своја публика, а вечерва во
Торино ќе се обиде да изненади и да го елиминира фаворитот.

На првиот меч во
Стокхолм камерите го уловија португалскиот стратег Жозе Мурињо на трибините, а
веќе е позната и причината за неговото присуство на тој натпревар.

Манчестер јунајтед има
сериозни намери во своите редови да се засили со ѕвездата на германскиот
бундеслигаш Лајпциг, воедно и репрезентативец на Шведска, 26 годишното лево
крило Емил Форсберг.

Тешко им беше на Италијанците да го сопрат Форсберг, а се чини дека Мурињо нотираше позитивни оценки од неговото издание на мечот во Стокхолм.

Покрај
тоа, Мурињо имаше прилика го проследи и настапот на Линделоф и Дармиан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани