„Џузепе Меаца“ распродаден, мечот Интер-Јувентус носи рекордни приходи

by
1 минути читање

Во недела, Интер
и Јувентус ќе ги одмерат силите, „Џузепе Меаца“ ќе биде исполнет до последно
место и на трибините ќе има нешто над 75.000 навивачи.

Интер пренесе
дека дури 20% од билетите се продадени надвор од Италија, на трибините ќе има
луѓе од преку 100 земји.

Според пишувањата
на Газета дело Спорт, „Дербито на Италија“ ќе донесе приходи од продажба на
билети какви што немало до сега во Серија А, се проценува дека „нероаѕурите“
ќе инкасираат околу 6,5 милиони евра, што е рекордна сума. Мечот ќе го
пренесуваат преку 40 ТВ куќи, и ќе се прикажува во преку 200 земји.

Интер во мечот
ќе влезе како првопласиран на табелата со максимален ефект и шест победи од
шест натпревари. Јувентус е втор со два бода помалку и учинок од пет
победи и едно реми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×