253
Џордан Хендерсон гледа кон кам-бек во враќа во Премиер лигата. Искусниот англиски фудбалер постигна договор со Брентфорд и се очекува да потпише двегодишен договор.
Поранешниот капитен на Ливерпул замина на Блискиот Исток, но не се снајде во Саудиска Арабија, па брзо се пресели во Ајакс. Таму одигра солидна полусезона, но ја раскина соработката за да го растовари буџетот како најплатен фудбалер на тимот од Амстердам.
Хендерсон не ја криеше желбата за враќање во Англија, а Брентфорд го гледа како идеален наследник на капитенот Кристијан Норгард кој заминува во Арсенал.
Сите детали се договорени и се чека само лекарскиот преглед за трансферот да добие и официјална потврда.