Џордан Хендерсон пред враќање во матичниот клуб!

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот капитен на Ливерпул и Англија, Џордан Хендерсон, би можел наскоро да се врати во Премиер лигата и тоа во клубот каде што започна сè – Сандерленд.

Според британските медиуми, клубот од „Стадионот на светлината“ веќе испратил официјална понуда до Ајакс за 34-годишниот играч за врска. Хендерсон е подготвен повторно да заигра во родната Англија, а евентуалниот трансфер би означил негово емотивно враќање во клубот каде што ја започна професионалната кариера.

Сандерленд по пет години се врати во елитата и во искусниот Хендерсон гледаат лидер кој може да помогне во стабилизирањето на тимот во Премиер лигата. Тој за „црните мачки“ играше од 2008 до 2011 година, пред да се пресели на „Енфилд“.

Во дресот на Ајакс сезонава запиша 45 настапи, даде еден гол и имаше шест асистенции. Иако има активен договор до 2026 година, се очекува трансферот да биде можен доколку клубовите постигнат договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×