Дефанзивецот Џони Еванс признава дека тешко ја прифаќа одлуката на Манчестер јунајтед да го скрати бројот на вработени и околу 250 луѓе да добијат отказ.
Сер Џим Ратклиф планира да отпуши 250 луѓе од Олд Трафорд со цел да ги намали трошоците, па добар дел од персоналот добил известување дека им висат работните места непосредно пред Манчестер јунајтед да замине на турнеа во САД.
„Тешки ми паѓа од овие случувања. Новите сопственици сметаат дека ова е правецот во кој треба да се движат, но знаете не им е лесно на сите“ – вели Џони Еванс.
„Има луѓе кои ги знам 20 години. И тајминот е малку лош, ние дојдовме на турнеа во САД, па не знаеме што точно се случува, работите ќе бидат појасни кога ќе се вратиме“.
Сопругата на Џони Еванс работи во ТВ каналот на Манчестер јунајтед, а неговиот татко работеше како тренер во академијата.