Џон Дуран ќе ја продолжи кариерата во редовите на Ал Наср кај Кристијано Роналдо.
Младиот напаѓач реши многу рано да замине од европскиот фудбал и да се пресели во Саудиска Арабија. За услугите на 24-годишникот Астон Вила ќе добие неверојатни 77 милиони евра, плус бонуси.
Дуран во Ал Наср доби долгогодишен договор и огромна плата во споредба со тоа што го заработуваше или би го заработувал во друг европски клуб.
Се очекува Дуран да пристигне на медицинските тестови и да стави потпис на договорот.