Ѕола си поднесе оставка, фановите на Бирмингем слават!

by
1 минути читање

Џанфранко Ѕола имаше очајни резултати како тренер на Бирмингем кој имаше амбиции за враќање во Премиерлигата.

Ѕола го превзема клубот додека тој беше на седмата позиција, а заминува оставајќи го само три бода над зоната за испаѓање.

Под негово водство Бирмингем оствари само две победи од дури 24 натпревари. Статистиката вели дека тој е најлош тренер во историјата на клубот, а фановите подолго време бараа да си замине.

Конечно Ѕола си поднесе оставка, а навивачите преку социјалните мрежи го слават неговото заминување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×