„Џокерот“ на Артета се повреди и го чека долга пауза!

by 24 фудбал
1 минути читање

Арсенал доби лоши вести и покрај позитивниот резултат од последното коло во Премиер лигата. Лондонскиот клуб се врати со три бода од гостувањето кај Лидс, а дополнително му одеше во прилог и тоа што Манчестер Сити и Астон Вила не успеаја да победат, но радоста брзо беше засенета од проблемите со повредите.

Тренерот Микел Артета до крајот на сезоната нема да може да смета на еден од своите поважни фудбалери во средниот ред. Микел Мерино заработи сериозна повреда и според лекарските наоди станува збор за скршеница на коската на десното стапало.

Повредата шпанскиот интернационалец ја доби во самиот финиш од натпреварот против Манчестер Јунајтед одигран минатиот викенд. По дополнителните прегледи било утврдено дека ќе биде потребна хируршка интервенција, која ќе се изврши во наредните денови.

Од Арсенал информираат дека Мерино ќе отсуствува подолг период, а иако постои минимална надеж дека би можел да се врати пред завршницата на сезоната, во овој момент тоа не се смета за реална опција.

Шпанецот беше стандарден дел од тимот оваа сезона и настапи на 21 натпревар во Премиер лигата, при што придонесе со четири погодоци и три асистенции, што ја прави неговата пауза сериозен удар за амбициите на Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×