Џо Кол кој најубавиот период од кариерата го помина во Челси, реши да се пензионира од активното играње фудбал.
„По 20 години како професионалец, дојде времето да ги обесам копачките. Ова беше остварување на сонот. Секој период од кариерата“, изјави Кол.
„Мојата омилена работа како професионален фудбалер беше тоа чувство на уживање во соблекувалната кога ќе влезете по победа. Тешко е да се замени тоа но секогаш ќе ги паметам сите мои поранешни соиграчи кои делеа искуство со мене“.
„Имав неверојатна среќа да играм со некои од најдобрите фудбалери во мојата ера и уште повеќе среќа многу од нив да ги викам пријатели“.
Кол најголем дел од кариерата помина во Челси каде за седум години одигра 182 натпревари и постигна 28 гола, со сините три пати ја освои Премиерлигата.
Настапуваше уште и во Вест Хем, Ливерпул, Лил, Астон Вила, Ковентри и Тампа Беј. За репрезентацијата на Англија има 56 меча и десет постигнати голови.